0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вестиПарламентарни избори 2020Политички партии

Ахмедовски до своето членство: Давајки го гласот за коалицијата „Можеме“ го давате гласот за себе

Престседателот на партијата за деморатски просперитет на Ромите, Аксел Ахмедовски во денешниот повик до своето членство пред почетокот на изборниот молк ги повика на 15 јули да гласаат за коалицијата „Можеме“ и бројот 3, затоа што како што рече ова се први избори на кои Ромите од крајниот Исток ќе имаат можност да гласат за себе.

Делчево, 11 јули 2020 (МИА) – Престседателот на партијата за деморатски просперитет на Ромите, Аксел Ахмедовски во денешниот повик до своето членство пред почетокот на изборниот молк ги повика на 15 јули да гласаат за коалицијата „Можеме“ и бројот 3, затоа што како што рече ова се први избори на кои Ромите од крајниот Исток ќе имаат можност да гласат за себе.

-За време на кампњата шетајки го теренот во Третата изборна единица наидовме на огромна поддршка по однос на нашата програма и презентирањето на нашите програмски цели и задачи. Сметаме дека вашиот придонес на 15 јули ќе биде огромен, ќе го заоркужите број 3 и ќе изразите поддршка за коалицијата „Можеме“ од која и ние како политичка партија сме дел. Сметаме дека давајки ја поддршката на оваа коалиција ќе гласате за себе, рече Ахмедовски.
Тој додаде дека за прв пат во историјата на РСМ, посебно во Третата изборна единица на Ромите од крајниот Исток им се дава можност да учествуваат во изборен процес во кој со својот глас за коалицијата „Можеме“ ќе учествуваат во креирањето на јавните политики.
-Уште еднаш ве повикувам чесно совесно достоинствено на 15 јули да излезете масовно и да го дадете својот глас и поддршка за коалицијата „Можеме“ затоа што знаеме дека уште подобро сите ваши интереси ќе бидат артикулирани преку Партијата за демократски просперитет на Ромите, додаде Ахмедовски.
Претседателот на партијата за демократски просперитет на Ромите,Аксел Ахмедовски, заедно со кандидатот Соња Михаиловска се двајцата кандидати од оваа коалиција кои на овие избори ќе бараат довербата од граѓаните за влез во Парламентот.  вс/ац/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close