0_Спорт.ПорталФудбал

Агуеро со рекорден 12. хет-трик во Премиер лигата

Напаѓачот на Манчестер сити, Серхио Агуеро, постигна три гола во денешниот убедлив триумф над Астон Вил (6:1) во 22-то коло од Премиер лигата.

Бирмингем, 12 јануари 2020 (МИА) – Напаѓачот на Манчестер сити, Серхио Агуеро, постигна три гола во денешниот убедлив триумф над Астон Вил (6:1) во 22-то коло од Премиер лигата.

Овој хет-трик беше 12-ти Аргентинецот во првенството на Англија, што е рекорд во лигата.

Агуеро го помина на вечната листа поранешниот напаѓач на Њукасл, Алан Ширер, кој постигна 11 хет-трикови.

Трет во оваа статистичка категорија е поранешниот напаѓач на Ливерпул, Роби Фаулер, а по него со осум хет-трика следуваат Тјери Анри, Хари Кејн и Мајкл Овен. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close