0_Спорт.ПорталФудбал

Агуеро се врати на тренинзите по операцијата

Напаѓачот на Манчестер сити, Серхио Агуеро започна со тренинзи по повредата на коленото. Триесет и двегодишниот напаѓач повредата ја доби на крајот на јуни, поради што го пропушти остатокот од сезоната 2019/20.

Манчестер, 1 септември 2020 (МИА) – Напаѓачот на Манчестер сити, Серхио Агуеро започна со тренинзи по повредата на коленото. Триесет и двегодишниот напаѓач повредата ја доби на крајот на јуни, поради што го пропушти остатокот од сезоната 2019/20.

Агуеро беше опериран, а првиот тренинг по закрепнувањето го имаше вчера.

Минатата сезона, Аргентинецот постигна 23 гола и четири асистенции на 32 натпревари на сите натпреварувања. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close