0_Спорт.ПорталФудбал

Агуеро е сигурен дека ќе го напушти Манчестер сити ова лето

Фудбалерот на Манчестер сити, Серхио Агуеро е уверен дека ќе го напушти англискиот клуб во летниот преоден рок, пренесува „АС“.

Мадрид, 12 март 2021 (МИА) – Фудбалерот на Манчестер сити, Серхио Агуеро е уверен дека ќе го напушти англискиот клуб во летниот преоден рок, пренесува „АС“.

Според шпанскиот весник, тренерот на „граѓаните“ Хосеп Гвардиола најверојатно ќе го стави Аргентинецот на трансфер листата. Агуеро е вознемирен од оваа опција. На фудбалерот не му е јасно зошто шпанскиот специјалист се повеќе го остава на клупата. Беше објавено дека Гвардиола сака да го види напаѓачот на Атлетико, Жоао Феликс во Манчестер сити.

На 10 март, тренерот објави дека договорот на Агуеро ќе се дискутира на крајот на сезоната. Во сезоната 2020/21, Агуеро забележа 11 настапи за Манчестер сити, постигнувајќи два гола.

Договорот на 32-годишниот Аргентинец важи до крајот на јуни 2021 година. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close