0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталДописници МКД

Агим Красниќи по викенд-отсуство не се врати во штипскиот затвор

Осуденикот Агим Красниќи откако вчера не се пријавил во Затвор Штип по викенд-отсуството и официјално се води како бегалец.

Штип, 6 февруари 2020 (МИА) – Осуденикот Агим Красниќи откако вчера не се пријавил во Затвор Штип по викенд-отсуството и официјално се води како бегалец.

Директорот на затворот Мики Тодоров за МИА вели дека сите институции се известени, Управата за извршување санкции, судот и полицијата, по што и официјално Красниќи сега се води како бегалец.

Тој забележува дека изминатите години Красниќи има користено викенд отсуства и секогаш се враќал во затвор Штип на издржување на казната затвор. Немале никакви индиции дека Красниќи по ова викенд отсуство нема да се врати во Затвор Штип.

Красниќи има единствена казна затвор од 15 години и ја издржува од 2008 година, тоа значи дека тој има издржано веќе 13 години казна затвор, а остануваат уште три. Осуден за злосторничко здруѓување и поседување оружје и други кривични дела. вдј/скс/

Back to top button
Close
Close