Фудбал

Агентот на Имобиле: Чиро е најдобриот напаѓач во Европа

Алесандро Моџи, агент на напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле, смета дека неговиот клиент е најдобриот офанзивец во Европа.

Рим, 4 февруари 2020 (МИА) – Алесандро Моџи, агент на напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле, смета дека неговиот клиент е најдобриот офанзивец во Европа.

На 28 натпревари Имобиле постигна 28 голови и забележа шест асистенции.

– Мислам дека во моментов тој е најдобриот напаѓач во Европа, а да не ја спомнувам Италија. Не е случајно што Лацио се крена толку високо на табелата, тоа се должи на напорната работа. Неколку години, спортскиот директор Игли Таре прави одлична работа користејќи ресурси инфериорни во однос на многу други клубови, создавајќи конкурентен тим кој дури се бори за Скудетото, вели Моџи во интервјуто за „Фудбал Италија“.

Лацио во моментов е трет на табелата во Серија А со 49 бода, но и натпревар помалку од конкурентите за врвот, Итер кој има 51 и Јувентус со 54 освоени бода по 22 кола. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close