Kultura.SlajderКултураКултура.Портал

Агенција за филм: Исклучително успешна година за македонската кинематографија

Агенцијата за филм заедно со Креативна Европа МЕДИА Деск МК и Друштвото на филмските работници првпат промовираше публикација „Факти и бројки“ за постигнатите резултати во кинематографијата, за настани и активности во изминатата, исклучително успешна година за македонскиот филм.

Скопје, 13 декември 2019 (МИА) – Агенцијата за филм заедно со Креативна Европа МЕДИА Деск МК и Друштвото на филмските работници првпат промовираше публикација „Факти и бројки“ за постигнатите резултати во кинематографијата, за настани и активности во изминатата, исклучително успешна година за македонскиот филм.

На настан „Во наша режија“ вчеравечер пред голем број филмски професионалци, директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија истакна дека 2019-та е многу ретка по огромниот филмски бум што го создадоа и креираа нашите филмски мајстори, дури и за земји со многу поголеми буџети. Заради транспарентност и отчетност пред јавноста, рече тој, во публикацијата е образложена распределбата на сите финансиски средства за работата на Агенцијата за филм во 2019 година.

-Македонската кинематографија ќе ја испрати 2019 година како исклучително успешна  во која инспиративните македонски филмови го освоија светот. За тоа сведочат и бројките од премиери на 29 филмови, учество на над 200 фестивали и добиени над 60 награди. Македонскиот кандидат за Оскар, „Медена земја“, ги собра аплаузите на три континента. Притоа овој магичен филм, кој рапидно го зголемува бројот на свои фанови, се закити со голем број престижни награди од реномирани филмски фестивали, како што се Санденс, Интернационалниот фестивал во Сао Паоло, и многу други. А со наградата „Лукс“, Европскиот парламент му се поклони на македонскиот филм „Господ постои, името и е Петрунија“, соопшти Агенцијата за филм.

Меѓу остварувањата што ги бележи успешната година за филмот се вбројуваат и „Врба“ на Милчо Манчевски, кој беше прикажан на Римскиот филмски фестивал, „Извидник“ на Алекс Цветков, „Незаборавна пролет во заборавено село“ на Куртим Бектеши…

Настанот „Во наша режија“ беше хуманитарен и за поддршка на иницијативата „Топол дом за сите“. Собраниот приход ќе биде дониран за реновирање на живеалиштата за деца што живеат во тешки услови. ез/хс/ 

Back to top button
Close
Close