0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020ПолитикаПолитички партии

Џафери: Кичево како град модел за соживот ќе ја поддржи нашата идеја за премиер албанец

Носителот на листата на ДУИ во петтата изборна единица Талат Џафери денеска беше во посета на Кичево, придружуван од Авни Рустеми претседател на форумот на млади и предедателката на огранокот на ДУИ, Ардита Дани.

Кичево, 2 јули 2020 (МИА) – Носителот на листата на ДУИ во петтата изборна единица Талат Џафери денеска беше во посета на Кичево, придружуван од Авни Рустеми претседател на форумот на млади и предедателката на огранокот на ДУИ, Ардита Дани.

Џафери пред младите членови и симпатизери на оваа партија попладнево на градскиот плоштад рече дека реална е можноста Северна Македонија да има премиер албанец, бидејќи во изминатиот период на високи раководни фунцкии во државата биле поставувани албанци.

-Како најдобар пример е градоначалникот на Општина Кичево Фатмир Дехари, кој во неговото раководење ги третира сите граѓани на Кичево подеднакво. И јас како преседател на Собранието докажав и преку мојата работа дека ги третирам сите граѓани во земјата подеднакво, така и идејата на Али Ахмети за функцијата премиер албанец јас сум убеден дека вие во Кичево како модел за соживот ќе ја поддржите.  Гледаќи ве вас во толкав број и покрај пандемијата, јас сум уште повеќе убеден во нашата победа на 15 јули, рече Џафери. Тој пред граѓаните се обрати и на македонски и на албански јазик. рз/дма/

Back to top button
Close
Close