0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталПолитика

Џафери: Борбата против корупцијата предуслов за успешна, демократска и правна држава

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери на денешната средба ги охрабри претседателката и членовите на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) да продолжат со бескомпромисната борба против корупцијата, што како што нагласи, е предуслов за создавање успешна, демократска и правна држава.

Скопје, 17 јануари 2020 (МИА) – Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери на денешната средба ги охрабри претседателката и членовите на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) да продолжат со бескомпромисната борба против корупцијата, што како што нагласи, е предуслов за создавање успешна, демократска и правна држава.

Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска денеска во име на Комисијата на Џафери му ја предаде Националната стратегија за спречување на корупција и судир на интереси (2020 – 2024) со Акционен план за нејзино спроведување.

Како што информираше Кабинетот на претседателот на Собранието, за Националната стратегија парламентарниот состав ќе расправа веднаш штом за тоа бидат исполнети предвидените услови со Деловник. ев/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close