Општински вестиСкопје

Аеродромци уживаа во летното интермецо во паркот под светилките

Со многу енергија и позитивна атмосфера аеродромци вчера во паркот под светилките уживаа во музиката на триото „Тринити стрингс“, чиј настап го организираше Општина Аеродром во соработка со Здружението на естрадни уметници (ЗЕУМ).

Скопје, 21 јули 2021 (МИА) – Со многу енергија и позитивна атмосфера аеродромци вчера во паркот под светилките уживаа во музиката на триото „Тринити стрингс“, чиј настап го организираше Општина Аеродром во соработка со Здружението на естрадни уметници (ЗЕУМ).

-Летното интермецо во паркот под светилки го овозможивме со цел да се дружиме, да се забавуваме и да ја промовираме македонската музика во летниот период, изјави градоначалникот Златко Марин.

Од Општина Аеродром најавуваат дека ќе продолжат во истиот стил да го збогатува летото со музички и културни настани. дма/ац/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close