0_Македонија.ПорталBiznis.SlajderБизнисБизнис.ПорталЕкономијаПолитика

АЕК постапува за прекршувањето на ЗЕК од операторите, можат да реагираат и граѓаните, вели Манчевски

За прекршените одредби од Законот за електронски комуникации со прекинот на емитувањето на ТВ прогамите од страна на операторите постапува Агенцијата за електронски комуникации како надлежна институција, а постои можност и за реакција од граѓаните со поплака до АЕК, вели министерот за инфирматичко општетсво и администрација Дамјан  Манчевски.

Скопје, 23 јуни 2020 (МИА) –  За прекршените одредби од Законот за електронски комуникации со прекинот на емитувањето на ТВ прогамите од страна на операторите постапува Агенцијата за електронски комуникации како надлежна институција, а постои можност и за реакција од граѓаните со поплака до АЕК, вели министерот за инфирматичко општетсво и администрација Дамјан  Манчевски.

Одговарајќи на новинарско прашања денеска на прес-конференција Манчевски потенцираше дека со завчерашниот едночасовен прекин на реемитувањето на ТВ програмите беа прекршени одредбите од Законот  за електронски комуникации за што е надлежна Агенцијата за електронски ккомуникации.

-Според моите информации таму се постапува  и ќе бидат спроведени сите мерки коишто  се согласно законот.  Тоа е во однос на реакциите на институциите. Граѓаните секогаш како претплатници за било што сметаат дека е прекршување на условите  од претплатничкиот договор што тие го имаат со операторите исто така може да се обратат до АЕК каде што има посебен сектор за поплаки од страна на  корисниците коишто ги процесуираат  овие поплаки.  Се работи за две реакции една институционална и таа не исклучува и е во тек и втората е онаа што граѓаните  дополнитлено сами можат да ја покренат, наведе Манчевски.

Кабелските оператори завчера го прекинаа емитувањето на ТВ програмите во траење од еден час во знак на протест од, како што соопштија, наметнати неуставни обврски во Законот за аудио и аудиовизуелни услуги да гарантираат за авторските права на програмите кои само ги реемитуваат и за тоа да сносат кривична и материјална одговорност. Петте национални телевизии  оценија дека прекинот на програмите е самоволие и тешко кривично дело. лв/вј/

 

Back to top button
Close
Close