0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Адурис се збогува од Атлетик, играчите направија шпалир во чест на фудбалерот

Напаѓачот на Атлетик Билбао, Ариц Адурис ја заврши кариерата. Денес, 39-годишниот Баскиец се збогува од клубот. Соиграчите во негова чест направија шпалир на „Сан Мамеш“.

Билбао, 22 мај 2020 (МИА) – Напаѓачот на Атлетик Билбао, Ариц Адурис ја заврши кариерата. Денес, 39-годишниот Баскиец се збогува од клубот. Соиграчите во негова чест направија шпалир на „Сан Мамеш“.

Поради коронавирусот, фудбалерите аплаудираа во маски, а на стадионот немаше навивачи.

– Не можев да замислам да се збогувам, ниту сè што ми се случи. Како дете, јас дури и не размислував за можноста да го носам дресот на Атлетик. Изненаден сум од љубовта што ја добив од вас последниве денови. Ова не е тажен момент, туку среќен. Долго време се борев со болка. Претходно, можев повеќе или помалку да го издржам напорот и да му помогнам на тимот, но како поминува времето, тоа е помалку и помалку. Секое тело има своја граница. Тоа е тоа. Сега екипата е подобра без мене, изјави Адурис.

Во 21 век, Адурис е најдобар стрелец на клубот. Вкупно, тој има 407 натпревари за тимот и постигнато 172 гола. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close