Дописници МКДОпштински вести

Администрациите во Делчево и М. Каменица се придружуваат во акцијата за чистење

Општинските административци од Делчево и Македонска Каменица се придружуваат во акцијата за чистење на животната средина „Администрацијата чисти со „Не биди ѓубре“, со цел подигање на свеста за почиста околина. За таа цел, како што информираат од ЕЛС Делчево, ќе се одработи неработниот ден за администрацијата од 2 јануари 2019 година.

Делчево, 13 декември 2019 (МИА) – Општинските административци од Делчево и Македонска Каменица се придружуваат во акцијата за чистење на животната средина „Администрацијата чисти со „Не биди ѓубре“, со цел подигање на свеста за почиста околина. За таа цел, како што информираат од ЕЛС Делчево, ќе се одработи неработниот ден за администрацијата од 2 јануари 2019 година.
-Според одлуката на Владата, сабота, 14 декември, од страна на јавниот сектор ќе се спроведе акција за чистење на животната средина. Акцијата во Делчево ќе започне во 8:30 часот со дополнително утврден распоред и локациите кои на учесниците во акцијата ќе им бидат соопштени на лице место, соопштија од ЕЛС Делчево.
Акција за чистење на повеќе локации ќе се реализира и во Македонска Каменица.
-До локациите што се наоѓаат на периферните делови од градот ќе биде обезбеден превоз за учесниците во акцијата. Од страна на Јавното претпријатие „Камена Река” ќе биде обезбедена и соодветна опрема односно заштитни ракавици и вреќи, информираа од ЕЛС Македонска Каменица.
Вработените во јавниот сектор во Македонска Каменица, ги повикуваат сите граѓани, спортски клубови и здруженија на граѓани да се приклучат во утрешната акција што опфаќа чистење на јавни површини и засадување на нови садници.вс/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close