0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошарка

Адетокунбо постави рекорд во НБА

Кошаркарот на Милвоки бакс, Јанис Адетокунбо ја заврши сезоната 2019/2020 со рејтинг на ефикасност од 31.91 поен, што е највисок во историјата на НБА.

Вашингтон, 13 август 2020 (МИА) – Кошаркарот на Милвоки бакс, Јанис Адетокунбо ја заврши сезоната 2019/2020 со рејтинг на ефикасност од 31.91 поен, што е највисок во историјата на НБА.

Претходниот рекорд го имаше легендарниот Вилт Чембрлен, кој во сезоната 1962/1963 со „Сан Франциско вориорс, стигна до рејтинг 31,82 поени.

Рекордот на Адетокунбо доаѓа по денешната казан која ја доби поради удирањето на противнички играч на средбата со Вашингтон. Гркот ќе го пропушти последниот натпревар од регуларната сезона со Мемфис па неговиот рејтинг од 31.91 поени ќе остане непроменет.

Просеците на Јанис во сезоната 2019/20: 29,5 поени, 13,6 скока, 5,6 асистенции, 1,0 украдени топки и 1,0 блокади за 30,4 минути по натпревар. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close