0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошарка

Адетокумбо за мајсторката со Бруклин: Ние сме создадени за овој момент

Лидерот на Милвоки бакс, Јанис Адетокумбо со нетрпение го чека седмиот натпревар од четвртфиналната серија во НБА плејофот против Бруклин нетс.

Милвоки, 18 јуни 2021 (МИА) – Лидерот на Милвоки бакс, Јанис Адетокумбо со нетрпение го чека седмиот натпревар од четвртфиналната серија во НБА плејофот против Бруклин нетс.

Милвоки ноќеска го победи Бруклин со 104:89 и изедначи на 3-3 во полуфиналето на Источната конференција.

– Како што реков во текот на целата сезона, ние сме создадени за овој момент. Како овој. Никој не рече дека ќе биде лесно. Ова може да биде многу тешко. Но, ние сме способни да ја постигнеме целта, истакна Адетокумбо.

Решавачкиот меч за пласман во полуфиналето ќе се одигра ноќта сабота кон недела на теренот на Бруклин нетс во Њујорк. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close