0_Спорт.ПорталКошарка

Адетокумбо постави рекорд во кариерата

Кошаркарот на Милвоки бакс, Јанис Адетокумбо, постави рекорд во кариерата за најмногу поени во прво полувреме. Гркот постигна 30 поени во првите 24 минути против Детроит (125:115).

Милвоки, 5 јануари 2021 (МИА) – Кошаркарот на Милвоки бакс, Јанис Адетокумбо, постави рекорд во кариерата за најмногу поени во прво полувреме. Гркот постигна 30 поени во првите 24 минути против Детроит (125:115).

Двократниот МВП во НБА лигата го заврши натпреварот со 43 поени (17 од 24 во поле), девет скока и четири асистенции за 36 минути поминати на теренот.

Адетокунбо оваа сезона има просек од 23,5 поени и 11,7 скока по натпревар. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close