0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошарка

Адетокумбо: Ако мојот син бараше да ја завршaм кариерата и да играм повеќе со него, ќе го сторев тоа веднаш

Најдобриот кошаркар на Милвоки бакс, Јанис Адетокумбо призна дека семејството игра огромна улога во неговиот живот.

Милвоки, 6 мај 2021 (МИА) – Најдобриот кошаркар на Милвоки бакс, Јанис Адетокумбо призна дека семејството игра огромна улога во неговиот живот.

– Ако син ми ме прашаше: „Тато, кога ќе ја завршиш кариерата и ќе играш повеќе со мене?“ Би се откажал токму сега, изјави двократниот МВП на НБА-лигата.

Јанис зборуваше за ова за време на разговор со коментаторот Џим Пашке, кој работи на натпреварите на Милвоки 35 години, но се повлекува по сезоната 2020/21.

Пашке рече дека донел таква одлука на барање на неговиот син.

Во 2020 година, грчкиот репрезентативец го продолжи договорот со Бакс за уште пет години, за што ќе заработи 228,3 милиони долари. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close