Kultura.SlajderКултураКултура.Портал

Адеми: Работиме на создавање голема мултилатерална економска и културна платформа

Заеднички работиме на создавање на голема мултилатерална економска и културна платформа која ќе обезбеди на долг рок благосостојба за граѓаните на нашите земји, одржлив развој на економијата и мирољубива соработка меѓу различните народи и култури, рече синоќа министерот за култура Асаф Адеми во обраќањето на 5. Симпозиум на високо ниво на Think Tanks организации на Кина и земјите од Централна и Источна Европа во Координативниот центар за културна соработка во НУБ „Св. Климент Охридски”.

Скопје, 31 октомври 2018 (МИА) – Заеднички работиме на создавање голема мултилатерална економска и културна платформа што на долг рок ќе обезбеди благосостојба за граѓаните на нашите земји, одржлив развој на економијата и мирољубива соработка меѓу различните народи и култури, рече синоќа министерот за култура Асаф Адеми во обраќањето на 5. Симпозиум на високо ниво на Think Tanks организации на Кина и земјите од Централна и Источна Европа во Координативниот центар за културна соработка во НУБ „Св. Климент Охридски”.

На симпозиумот што изминатите два дена се одржуваше во МАНУ, присуствуваа 30-тина учесници од земјите од Централна и од Источна Европа.

Во нивна чест, соопштија од Министерството за култура, беа организирани и културни настани преку кои беа презентирани вредностите на македонската култура и традиција, беше претставена изложба на македонскиот реномиран уметник, Решат Амети, а виолинистката со светско реноме, Ева Богоевска изведе дела од светската, но и македонска композиторска традиција.

Адеми посочи дека Координативниот центар за културна соработка 16+1 претставува линк меѓу земјите во овој процес, во насока на создавање на соработка и поттикнување на нови идеи и пристапи во областа на културата. Тој ги поздрави напорите на присутните во зајакнувањето на соработката меѓу земјите кои се вклучени во овој процес, информираат од Министерството за култура. рп/сд/

 

Back to top button
Close
Close