0_Македонија.ПорталОпштествоПолитика

Адеми го посети Школото за словенски и источно-европски студии во Лондон

Министерот за образование и наука Арбер Адеми кој е во неколкудневна посета на Лондон, денеска во придружба на амбасадорката на Република Северна Макеоднија во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Александра Миовска, го посети Школото за словенски и источно-европски студии при UCL (London’s Global University), каде по 15 години пауза повторно се организираат курсеви по македонски јазик, за кои, според ангажираните професори интересот постојано расте, соопшти МОН.

Скопје, 21 јануари 2019 (МИА) – Министерот за образование и наука Арбер Адеми кој е во неколкудневна посета на Лондон, денеска во придружба на амбасадорката на Република Северна Макеоднија во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Александра Миовска, го посети Школото за словенски и источно-европски студии при UCL (London’s Global University), каде по 15 години пауза повторно се организираат курсеви по македонски јазик, за кои, според ангажираните професори интересот постојано расте, соопшти МОН.

За време на посетата на оваа образовна установа, македонската делегација предводена од министерот Адеми имаш средба со директорот на школата проф. д-р Диане Коенкер, а воедно беа донирани и книги за библиотеката и потребите на универзитетот.

Во следните денови Адеми ќе посети и неколку други институции и установи од областа на образованието, каде со раководните структури ќе се разговара за воспоставување или продолжување на веќе воспоставена соработка со институции од Република Северна Македонија и ќе се разменуваат искуства кои се од значење за развој на националниот образовен систем во нашата земја, се наведува во соопштението од МОН.са/

Back to top button
Close
Close