0_Спорт.ПорталФудбал

Адебајор е новиот фудбалер на Олимпија Асунсион

Емануел Адебајор (35) е промовиран во нов фудбалер на Олимпија од Асунсион

Асунсион, 15 февруари 2020 (МИА) – Емануел Адебајор (35) е промовиран во нов фудбалер на Олимпија од Асунсион.

Поранешниот напаѓач на Арсенал пристигна во главниот град на Парагвај и предизвика вистинска еуфорија помеѓу навивачите на клубот.

Адебајор беше дочекан на аеродромот од стотици фанови и проследен со колона автомобили со клупското седиште. Иако веќе некое време не е оној стариот профил на играч кој ги тресеше мрежите во Премиерлигата, сепак, на Парагвајците, очигледно, тоа не им пречи. сѓд/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close