БизнисОригинални текстови

АД ЕСМ исплати К-15 исто како и повеќето институции и претпријатија

Како и повеќето институции, јавни претпријатија и акционерски друштва во државна сопственост, и АД Електрани на Северна Македонија, согласно Законот за работни односи, исплати К15 на своите вработени за 2020г.

Скопје, 26 јуни 2020

Како и повеќето институции, јавни претпријатија и акционерски друштва во државна сопственост, и АД Електрани на Северна Македонија, согласно Законот за работни односи, исплати К15 на своите вработени за 2020г.

АД ЕСМ редовно исплаќа К15 во последните три години, за разлика од претходно, кога во компанијата регресот за годишен одмор не се исплаќал и новото раководство се соочи со тужбени барања од работниците за исплата на заостанатиот К15.

Новото раководство ги исплати заостанатите регреси и тужбените барања за други неисплаќани законски надоместоци во минатото.

Секоја година К15 се исплаќаше во месец мај, а годинава се исплати во месец јуни,  откако Владата со уредба не задолжи работниците да го искористат годишниот одмор во јуни и откако за исплатата немаше законска пречка.

АД ЕСМ не зема средства од државниот буџет, напротив, го полни државниот буџет, и парите за К15 беа резервирани во буџетот на АД ЕСМ уште во 2019 година.

АД ЕСМ е свесен дека треба да се помогне на секој еден граѓанин во оваа ситуација на криза и да се поттикне јавната потрошувачка, што се постигна со исплатата на регресот спрема 5600 семејства.

Дополнително, на исплатената сума платен е и персонален данок кон Mинистерството за финасии од 16 милиони денари, што значи дека се влезени средства и во државниот буџет.

Напоменуваме дека АД ЕСМ исплаќа милионски суми во текот на годината за донации и други видови помош спрема различни државни и приватни субјекти. Исто така, членовите на Управниот одбор своите плати над износот од 14.500 ден. ги уплатија во фондот за борба против КОВИД.

Од тие причини, потенцираме дека исплатата кон своите вработени АД ЕСМ ја изврши исклучиво согласно Законот за работни односи и Колективниот договор потпишан со Синдикатот.

За компанијата не е меродавно толкувањето од Mинистерството за финансии дали исплатата кон работниците е коректна, морална и етичка, особено во услови на криза кога државата прави напори да помогне на сите.

АД Електрани на Северна Македонија

__________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Back to top button
Close
Close