0_Спорт.ПорталФудбал

Абидал може да биде отпуштен од Барса по Сетиен, тој го поддржува тренерот дури и по 2:8 со Баерн

Тренерот на Барселона, Кике Сетиен, наскоро ќе биде отпуштен од својата функција, пренесува „Diario Sport“. Засега Сетиен не е известен за отказот, но извори во клубот велат дека тренерот знае што ќе се случи со него.

Барселона, 15 август 2020 (МИА) – Тренерот на Барселона, Кике Сетиен, наскоро ќе биде отпуштен од својата функција, пренесува „Diario Sport“. Засега Сетиен не е известен за отказот, но извори во клубот велат дека тренерот знае што ќе се случи со него.

Денес ќе се разговара за условите на раскинување на договорот со фудбалскиот стручњак. Разрешувањето се очекува да биде објавено во наредните два дена.

После Сетиен, спортскиот директор Ерик Абидал може да биде отпуштен од работа. Функционерот продолжува да го брани тренерот дури и по поразот од Баерн (2:8) во четвртфиналето на Лигата на шампионите. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close