Svet.SlajderБалканБалкан.Портал

Абазовиќ: Немам намера на Ѓукановиќ да му дадам „политичко вештачко дишење“

Лидерот на црногорската коалиција на последните избори, Црно на бело, Дритан Абазовиќ, изјави дека тој е погрешната адреса, ако, како што рече, некој побара на Мило Ѓукановиќ“ да му се даде „политичко вештачко дишење“.

Подгорица, 4 септември 2020 (МИА) – Лидерот на црногорската коалиција на последните избори, Црно на бело, Дритан Абазовиќ, изјави дека тој е погрешната адреса, ако, како што рече, некој побара на Мило Ѓукановиќ“ да му се даде „политичко вештачко дишење“.

– Луѓето имаат право да кажат што сакаат, но ако побараат некој да му даде политичко вештачко дишење на Ѓукановиќ – јас сум погрешна адреса. Единствено што можат да добијат е фер судење за сите што го прекршиле законот , вели Абазовиќ во интервју за Би Би Си на српски јазик.

На идејата дека албански премиер може да ги помири Црногорците и Србите, водачот на УРА одговори дека таквата идеја ќе разбие многу предрасуди.

– Тоа би било најголемото кршење на предрасудите, но мислам дека е доволно што Албанец стана прв претседател на граѓанска парламентарна партија. Не знам дали е рано за албански премиер, но мислам дека најважно е премиерот да биде искрен, професионален и посветен на интересите на граѓаните на Црна Гора, а не на интересите на неговото семејство и партија, смета Абазовиќ. ссм/

Back to top button
Close
Close