БизнисБизнис.Портал

А1 Македонија: По затворањето на Еуростандард банка, сметките може да се плаќаат онлајн, преку Мојот А1, во секој продажен салон и во останатите банки

А1 Македонија ги известува корисниците дека како резултат на новонастанатата состојба со Еуростандард банка, нема да можат да ги вршат уплатите за своите сметки преку експозитурите на банката и поштенските единици на Македонска пошта која ја извршуваше оваа услуга во име на банката.

Скопје, 14 август 2020 (МИА) – А1 Македонија ги известува корисниците дека како резултат на новонастанатата состојба со Еуростандард банка, нема да можат да ги вршат уплатите за своите сметки преку експозитурите на банката и поштенските единици на Македонска пошта која ја извршуваше оваа услуга во име на банката.

Сметките за услугите на А1 Македонија можат да бидат уплатени онлајн, преку веб страницата на А1 Македонија, преку апликацијата Мојот А1, во секој продажен салон од мрежата на А1 Македонија и во експозитурите на останатите банки. мч/ац/

Back to top button
Close
Close