Оригинални текстови

„Аџибадем Систина“: Не правиме прием на позитивни пациенти кај кои е потребен третман на Ковид-19

Согласно новата уредба на Владата, како и почитувајќи ги сите морално-етички и медицински принципи, ве известуваме дека Клиничката болница „Аџибадем Систина“ не овозможува третман на пациенти позитивни на Ковид-19, освен пациенти кај кои за време на приемот и подготовката за интервенција е добиен позитивен тест за коронавирус, а истите се во животнозагрозувачка состојба и е потребен итен третман.

Скопје, 24 јуни 2020

Согласно новата уредба на Владата, како и почитувајќи ги сите морално-етички и медицински принципи, ве известуваме дека Клиничката болница „Аџибадем Систина“ не овозможува третман на пациенти позитивни на Ковид-19, освен пациенти кај кои за време на приемот и подготовката за интервенција е добиен позитивен тест за коронавирус, а истите се во животнозагрозувачка состојба и е потребен итен третман. Болницата уште од самиот почеток има протокол во кој сите хоспитализирани пациенти се тестираат за коронавирусот со PCR брз тест, и со тоа сме единствени во нашата држава. За време на интервенцијата се почитуваат сите безбедносни протоколи за заштита на персоналот, а потоа пациентите се префрлаат во целосно изолиран и посебно опремен дел за нивен третман, кој се наоѓа во посебно издвоен дел во болницата. Со тоа, болницата на највисоко ниво ги заштитува другите пациенти и персоналот од пренос на вирусот. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ не прави прием на позитивни пациенти кај кои е потребен третман на болеста Ковид-19.

Клиничка болница „Аџибадем Систина“

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close