БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Љајиќ: Ако потрае епидемијата Србија ќе претрпи голема штета, откажани 80% туристички аранжмани

Српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ изјави денеска дека заради глобалната состојба со коронавирусот, 80 отсто од туристичките аранжмани во февруари и март се откажани, особено на туристи од Кина, но и од други земји, јави дописникот на МИА од Белград.

 

Белград, 10 март 2020 (МИА) – Српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ изјави денеска дека заради глобалната состојба со коронавирусот, 80 отсто од туристичките аранжмани во февруари и март се откажани, особено на туристи од Кина, но и од други земји, јави дописникот на МИА од Белград.

-Се плашиме дека нашата хотелиерска индустрија во Белград и пошироко ќе претрпи големи штети. До вчера немавме откажување на аранжмани за втората половина на април, а во некои хотели се откажуваат аранжмани и за мај. За конечната штета ќе зборуваме во наредните денови. Ако ова продолжи, штетата ќе биде навистина голема, кажа Љајиќ за ТВ Прва.

„Светската туристичка организација имаше проценка за раст на светскиот туризам оваа година од три до четири проценти, а сега проценките се дека падот ќе биде од еден до четири проценти“, оцени Љајиќ.

Директорот на Туристичката организација на Белград (ТОБ) Миодраг Поповиќ изјави денеска дека во Србија, регионот и пошироко е на сила„ кризен менаџмент“ во туризмот заради појава на коронавирусот.

Тој додаде дека коронавирусот ќе биде една од главните теми на денешниот балканскиот туристички самит на „Узакрот“ во Белград и дека претставниците од балканските земји ќе разговараат за тоа како најдобро да се справат со сегашната состојба. об/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close