СветСвет.Портал

Ањес ја реконструираше боливиската Влада, ги смени нејзините критичари

Привремената претседателка на Боливија, Жанин Ањес ја реконструираше Владата, а сменети се министри кои ја критикуваа нејзината одлука да се кандидира на новите претседателски избори во мај.

Ла Паз, 29 јануари 2020 (МИА) – Привремената претседателка на Боливија, Жанин Ањес ја реконструираше Владата, а сменети се министри кои ја критикуваа нејзината одлука да се кандидира на новите претседателски избори во мај.

Ањес го претстави новиот кабинет откако сите досегашни членови на владата поднесоа оставки на нејзино барање, но сите министри, освен тројца, беа повторно назначени на церемонија во зградата на владата, каде што претседателката ги негираше тврдењата дека земјата е во криза.

– Промените во Кабинетот беа неопходни за да бидеме апсолутно сигурни дека сите членови на тимот работат заедно и се посветени на фер и транспарентно управување во корист на граѓаните на Боливија, рече Ањес.

Тројцата сменети министри раководеа со ресорите за рурален развој, образование и комуникации. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close