0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Ајакс го детронира Реал, Тотенехем по втор пат во историјата во четвртфинале на ЛШ

Па така кризата во Реал станува се посериозна. Освен вчерашната елиминација, тимот е аут од Купот на Шпанија. Титулата во Ла Лига, исто така, е доста далеку, бидејќи „белите“ се наоѓаат на третото место на табелата и на цели 12 од лидерот Барселона.

Мадрид, 6 март 2019 (МИА) – Ајакс стави крај на тригодишната доминација на Реал Мадрид во Лигата на шампионите! Холанѓаните ги победија „белите“ со 4:1 во реваншот од осминафиналето среде „Сантијаго Бернабеу“ и со вкупен резултат 5:3 го исфрлија мадридскиот тим од турнирот на богатите.

Агонијата за „кралскиот клуб“ започна уште во почетокот на средбата, кога Хаким Зиеш (7′) ја затресе мрежата на Тибо Куртоа, а непосредно пред тоа домаќините ја погодија гредата. Само 11 минути подоцна, Давид Нереш постигна гол. Како капак на сè, едни од главните фудбалери на домаќините – Виничиус Жуниор и Лукас Васкез, добија повреди и беа принудно заменет.

Фудбалерите на Реал го почнаа вториот дел видливо помотивирани да се вратат во натпреварот, но пропусти на Герет Бејл и Карим Бензема не дозволија тоа да се случи. Душан Тадиќ (63′) го зголеми резултатот на 3:0. Сепак Марко Асенсио (70′) ги врати надежите на домаќините, но нивната радост беше кратка, откако Ласе Шоне (72′) го оформи крајниот резултат.

Па така кризата во Реал станува се посериозна. Освен вчерашната елиминација, тимот е аут од Купот на Шпанија. Титулата во Ла Лига, исто така, е доста далеку, бидејќи „белите“ се наоѓаат на третото место на табелата и на цели 12 од лидерот Барселона.

Фото: УЕФА Лига на Шампиони

Тотенхем пак се пласира по втор пат во историјата во четвртфиналето во Лигата на шампионите, откако ја победи Борусија Дортмунд со 1:0 во реваншот на „Сигнал Идуна Парк“. „Петлите“ на тој начин продолжуваат напред со вкупен резултат 4:0.

Екипата на Лисјен Фавре имаа тотална надмоќ во првото полувреме, но направија безброј пропусти. Со неколку одлични одбрани се истакна голманот на тимот од Лондон, Иго Лорис.

Малку по паузата, Тотенхем ја дочека својата можност и го отвори резултатот преку Хари Кејн, кој ја уништи целата неизвесност. Тоа беше неговиот четврти гол против овој ривал.

До крајот на дуелот не падна друг погодок, а желбата во играта на „жолто-црните“ логично опадна драстично по погодокот во нивната мрежа.вз

Таг
Back to top button
Close
Close