Svet.SlajderБалканБалкан.Портал

Аја Софија останува отворена за посетители кога ќе нема молитви

Некогашната базилика Аја Софија, која е претворена во џамија, ќе биде отворена за посетители кога во неа нема да има молитви, а остануваат и христијански симболи кои ќе бидат отстранувани само за време на молитвите, соопштија денеска турските власти.

Истанбул, 14 јули 2020 (МИА) – Некогашната базилика Аја Софија, која е претворена во џамија, ќе биде отворена за посетители кога во неа нема да има молитви, а остануваат и христијански симболи кои ќе бидат отстранувани само за време на молитвите, соопштија денеска турските власти.

Државниот совет, највисокиот административен суд во Турција, во петокот донесе одлука во корист на групата која бараше да ја поништи одлуката на Советот на министри од 1934 година со која Аја Софија е претворена во музеј, бидејќи се сомневаа во автентичноста на потписот на основачот на модерна Турција Мустафа Кемал Ататурк на тој документ.

Веднаш по таа одлука, турскиот претседател Реџеп тајип Ердоган најави претворање на Аја Софија во џамија. Првите заеднички муслимански молитви ќе бидат организирани на 24 јули.

Дирекцијата за верски работи соопшти денеска дека христијанските симболи „не претставуваат пречка за одржување молитви“. ссм/

Back to top button
Close
Close