Обичаи и верувања

Обичаи и верувања

Македонски народни гатанки  Слива: Ванка му јастието, фнетре му грнето. Смоква: Една торба п’на семе. Една торба многу вошки. П’лн амбар просо. П’лна уста гниди.

13 октомври 2019

Народна филозофија

Македонски народни гатанки

Слива: Ванка му јастието, фнетре му грнето.
Смоква: Една торба п’на семе.
Една торба многу вошки.
П’лн амбар просо.
П’лна уста гниди.
Снег: Бел пес на герамиди.
Бел коњ дрисна, сето поле стисна.
Бел чаршав цела зима покрил.
Шчо имаше еден покров се покрива, саде Вардар не покрива.
Сито: Ти го биеш, ти го караш, тоа ти сипве да јадеш.
Сноп: Илјада старци со долги бради, со еден појас врзани.
Сон: Најслатко, најблаго на таљур не се клават.
Шчо е преблаго ни на софра се ставуват, ни на пазар се купуват.
Сонце: Од едно огниште цел свет се грејт.
Заклучив, закатанчив внатре најдов арамија.
Срп: Грбо прасе са ливада опаси.
Срце: Што е најмеко на светов?
Што е најтопло? (Срцето мајчино).
Стап: Мотовило вило, зад гора си било зад врата се скрило.
Стапалка: Чеша по чеша, дури до Цариград. (Стапалки од коњи).
Стол: Ко ќе дојдеш ке нас, ќе ти го клајме зад тебе.
Ти идиш кај нас, јас ти го клавам зад газ.
Стомна: Си имам една сестрица, кој помини баци ја, јас поминвам си ја бацвам.
Имам една невестичка, се во џеповите рацете си држи.
Страчка: Ким везено, ким шарено, на ким дрво стоеше, киракимска песна пееше.
Шар шарено, шар везено, шарапански зборуваше.
Кусо Турче, д’лго туфече.
Стрниште: Колку ѕвезди на небо, толку дупки на земја.
Струг: Со меот јајт, со рбетот серит.
Тапан: Рикна вол в темен дол, чуја лисиците напрчија опашките. (Тапан и жени на оро).
Одрано магаре низ село рикат.
Татко и ќерка: Некој поминал крај едно лозе и видел маж и жена каде работеле та ги поздравил и им рекол: Добро ви утро маж и жена. А жената одговорила: Ние не сме маж и жена. М’жу е мајка на моја мајка свекрва. Шчо биле тие помеѓу си? (Татко и ќерка)
Тиква: Коза со еден рог.
Јаже до јаже на крајот јунец.
Толчлник: Кусо дебело на жените им потребало.
Убетка: Тврдо црвено во женско месо проврено.
Ум: Што е најбрзо на светов?
Уста: Полна црква ѓачиња. (Уста со заби).
П’лн ан коњи, на среде еден улаф, саде ги клоца. (Уста заби и јазик).
Во една племна много атои, еден јарец не можат да го згазет.
Ув една одаја си имам се бели коњи, само еден у дреди леже.
Во една племна имат многу ѕверој и еден јарец; ѕверојте везден се к’сет ама јарецот не может ни да го к’снет ни да го изејет.
Уши: На врв бука две ветрила
Два бљуда на една стена закачени.
Цвеќиња: По ливади свешти горат, с’нце греје не ги топи, ветер веје не ги гаси.
Цицки: Една планина сета ја врнеше, четири дрвја не ги врнеше. (Цицките на крава)
На сред бука две јаболка. (Цицки на жена).
Црв: Викна Вида од Орида, бранете ме од кокошките, не бранете ме од пците.
Црква: Во шарена камара црн бумбар брчит. (Црква и поп).
Црепна: Еѓупка се чекореше, еѓуптин се топореше. (Црепна и сач).
Чад: Таткото уште нероден, син му отишол во Стамбол.
Д’лг Тодор без коски.
Таткото уште нероден, синот порастен.
Чеп: Бел пикни го, црвен извај го.(На винско буре).
Чешел: Кусо мече дрен тресе.
Чешма: Имам една невеста, кој помини баци ја.
Чизми: Копам дупка до колена
Чораб: Напрчам го, вдујам го. (Подготви Марко Китевски)

Back to top button
Close
Close