МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

14:30/10 октомври 2019

14:30/10 октомври 2019

Гевгелија, 10 октомври 2019 (МИА) – Општина Богданци со пригодни свечености денеска ја одбележа 75-годишнината од ослободувањето на Богданци и утрешниот Ден на македонскиот непокор – 11 Октомври.

Охрид, 10 октомври 2019 (МИА) – Фирмата „Летница Белвица“ е новиот концесионер што наредните шест години ќе стопанисува со рибниот фонд на Охридското Езеро.

Скопје, 10 октомври 2019 (МИА) – Општина Чаир на последната седница едногласно го усвои предлогот за финансиска помош за семејствата на двете изгорени куќи во населбата Серава.

Тетово, 10 октомври 2019 (МИА) – Статистиката на тетовската полиција бележи казни за 437 неправилно паркирани возила само за септември, додека вкупно 2 421 возило во деветте месеци од 2019 година. Само во текот на вчерашниот ден поради паркирање на несоодветни места казни биле издадени за 23 возачи.

Битола, 10 октомври 2019 (МИА) – Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување и општините од Пелагонсикиот регион, денес во Битола одржаа регионален состанок за Оперативниот план за активните мерки за вработување за 2020 година.

Штип, 10 октомври 2019 (МИА) – Деца од градинките од девет градови од земјава денеска беа дел од манифестацијата „Игри без граници“. Детската градинка „Вера Циривири Трена“-Штип годинава е организатор на манифестацијата, а децата се натреваруваа во различни дисциплини во спортската сала „Јордан Мијалков“.

Скопје, 10 октомври 2019 (МИА) – Со 30 работници на терен, две автоцистерни, три специјални комунални возила – патарки и две електрични метларки, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје денеска ја чисти Општината Гази Баба.

Крива Паланка, 10 октомври 2019 (МИА) – Со повеќе активности за дечињата од детската градинка „Детелинка“ во Крива Паланка, се одбележува детската недела.

 

 

Back to top button
Close
Close