МИА ФлешПакети

МИА Флеш

16:00/21 октомври 2019

16:00/21 октомври 2019

Скопје, 21 октомври 2019 (МИА) – Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против 26 – годишен државјанин на Република Албанија поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Скопје, 21 октомври 2019 (МИА) – Одлуката за одржување на предвремени Парламентарни избори на 12 април 2020 година го доведува во прашање терминот за одржување на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија планиран да биде спроведен во периодот, изјави денеска директорот на Државниот завод за статситика Апостол Симовски.

Кичево, 21 октомври 2019 (МИА) – Денешното судско рочиште за Шекерим Ахмети, познат како Ел Чека, што се води во Судот во Кичево е одложено, бидејќи неговата одбрана побара да се изземе судијката Билјана Кижевска поради нетранспарентност и пристрасност во постапката.

Кочани, 21 октомври 2019 (МИА) – Центарот за јавно здравје од Кочани прогласи епидемија од заразна жолтица, откако бројот на регистрирани заболени во изминатите десетtина дена надмина 20 лица. Најголемиот број пациенти кај кои е утврдено присуство на вирусен хепатит А се ученици од две основни училишта во градот.

Белград, 21 октомври 2019 (МИА) – Според истражувањето на белградското Биро за социјални истражувања (БИРОДИ), 45,5 отсто од српските граѓани сметаат дека членството во ЕУ е најприфатлив приоритет на Србија во надворешна политика, додека 17,6 отсто сметаат дека Србија треба да биде членка на Евроазиската унија, а нешто повеќе од една третина од анкетираните велат дека Србија не треба да биде ниту членка на ЕУ , ниту на НАТО, ниту на Евроазиската унија.

Белград, 21 октомври 2019 (МИА) – Опозицискиот белградски весник „Данас“ во денешната анализа на посетата на рускиот премиер Дмитриј Медведев на Белград, оценува дека таа е уште еден обид на одвојување на Србија од евроинтегративните процеси, преку зацврстување на сојузот со Руската федерација.

Тирана, 21 октомври 2019 (МИА) – Најголемата политичка сила во Албанија, Демократската партија (ПД) побара спроведување предвремени парламентарни избори, исто како и во Северна Македонија.

Мадрид, 21 октомври 2019 (МИА) – Шпанската Влада соопшти дека в четврток ќе ги ексхумира и префрли посмртните останки на некогашниот воен диктатор, генералот Франциско Франко.

Брисел, 21 октомври 2019 (МИА) – Европската комисија денеска соопшти дека тоа што британскиот премиер Борис Џонсон не го потпишал писмото во кое бара тримесечно одложување на Брегзит, не влијае врз полноважноста на барањето, што ЕУ во моментов го разгледува.

Токио, 21 октомври 2019 (МИА) – Јапонија се подготвува за две нови бури кои се приближуваат до државата, само една недела откако тајфунот Хагибис ги опустоши централните и северните региони на земјата.

Техеран, 21 октомври 2019 (МИА) – Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала денеска го потресе југот на Иран, а засега нема информации за евентуални штети или повредени.

Анкара, 21 октомври 2019 (МИА) – Турската војска денеска соопшти дека внимателно го следи повлекувањето на курдските борци од североисточна Сирија и дека регистрирала дека најмалку 125 возила со борци го напуштиле подрачјето.

Триполи, 21 октомври 2019 (МИА) – Либиската полиција на Медитеранскиот брег пресретна 126 мигранти кои се движеле кон Европа, наведе денеска во соопштение портпаролот на полицијата, Ајуб Гасим.

Back to top button
Close
Close