0_Спорт.ПорталФудбал

Мбапе се враќа во игра

Дваесет-годишниот фудбалер ги пропушти натпреварите на репрезентацијата на Франција со Исланд и Турција поради болки во бедрото, но сега е целосно подготвен за игра.

Париз, 18 октомври 2019 (МИА) – Напаѓачот на Пари Сен Жермен – Килијан Мбапе е подготвен да игра и ќе му биде на располагање на тренерот – Томас Тухел за средбата со Ница вечерва.

Дваесет-годишниот фудбалер ги пропушти натпреварите на репрезентацијата на Франција со Исланд и Турција поради болки во бедрото, но сега е целосно подготвен за игра.

Ова е една од ретките добри вести за Тухел, меѓутоа, тој нема да може да користи неколку други повредени играчи, меѓу кои и Нејмар, кој ќе биде отсутен во наредните четири седмици.

Таг
Back to top button
Close
Close