0_Спорт.ПорталФудбал

Ешли Кол се врати во Челзи

Тој ќе работи со 15-годишни фудбалери на почетокот.

Лондон, 18 октомври 2019 (МИА) – Поранешниот англиски репрезентативец, Ешли Кол се врати во Челзи и се приклучи на тренерскиот штаб на неговиот добар пријател Франк Лампард.

Тој ќе работи со 15-годишни фудбалери на почетокот.

Потсетуваме дека Ешли го објави крајот на кариерата во септември на 38-годишна возраст.

Целта за Кол ќе биде да ги развие младите таленти на младинската екипа на 15-годишна возраст и да пронајде потенцијални замени за првиот тим на „сините“.

– Треба да бидете врвен играч за да играте во Челзи, затоа тие сакаат екс-играчи како нас да се обидат да и помогнат на следната генерација и да им дадеменасоки, самодоверба и храброст, објави самиот Кол во својата прва изјава како тренер во тимот.

Таг
Back to top button
Close
Close