0_Web_Актуелно0_Спорт.ПорталSport.SlajderРакомет

Вардар со победа против Монпелје ја отвори новата сезона во ЛШ

Скубе со 8 и Дибиров со шест гола ги предводеа „црвено-црните“ до првата победа сезонава во елитното натпреварување.

Монпелје, 14 септември 2019 (МИА) – Европскиот шампион Вардар со победа против Монпелје од 33-31 (17-16) ја отвори новата сезона во Лигата на шампионите.

Во убав натпревар, исполнет со возбуда и одлични потези, екипата на Давид Писонеро успеа да го совлада францускиот тим, иако имаше негатива во последните десетина минути. Французите водеа со 29:27, но Вардар тогаш ја направи клучната серија со која стигна до предност, која искусно ја задржа во финишот.

Скубе и Дибиров со по шест гола ги предводеа „црвено-црните“ до првата победа сезонава во елитното натпреварување.

Вардар во наредното коло од Лигата на шампионите ќе игра дома против Порто.вз

Таг
Back to top button
Close