0_Магазин.ПорталКујна

Стапчиња со ајвар и сирење

Декоративни и многу вкусни...

Декоративни и многу вкусни…

Потребно е:
за тестото:
100 мл млеко
250 г путер
700 г брашно
1 кесичка сув квасец
100 г кисела павлака
1 јајце
2-3 лажичиња сол

за филот:
ајвар
бело сирење

за премачкување:
1 јајце
семки по желба: сусам, ким, афион…

Подготовка:
– Во еден сад на рингла ставете ги млекото и путерот и оставете додека да се растопи путерот.

– Во друг сад измешајте ги останатите состојки и додадете го млакото млеко. Замесете тесто.

– Со сукало раширете го тестото на набрашнета работна површина со дебелина од најмногу 1 см и со правоаголен облик.

– Половина од тестото премачкајте го со дебел слој од ајварот и одозгора изрендајте од сирењето.

– Втората половина од тестото преклопете ја над ајварот и притиснете за да се спои.

– Тестото прво исечете го на пола и потоа сечете ленти со широчина 1-2 см.

– Секоја лента завиткајте ја како спирала и наредете ги во тава обложена со хартија за печење. Одозгора премачкајте ги со изматено јајце и посипете со семки по желба. Оставете ги да стојат 10-15 минути.

– Потоа ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 Целзиусови степени 20-30 минути, односно додека да поруменат.

Таг

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close