Временска прогноза

Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер

Скопје, 9 септември 2019 (МИА) – Времето во земјава ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. УВ=6

Утринската температура ќе се движи од 10 до 18 степени, а дневната температура од 22 до 31 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер.УВ=6

Утринската температура ќе достигне до 16 степени, а дневната температура до 28 степени.

Потоа следува период на претежно стабилно и релативно топло време.

Back to top button
Close