Обичаи и верувања

Обичаи и верувања

23 септември 2019  Верувања и суеверија: толкување на соништа Поп, ѓаол, ангел и земјава да паднит пред тебе да видиш на сон  Јордан Џеваиров, роден во Прилеп, во 1895 година видел неколку сонои пред да се поболи од една лоша болес, што боледуал четири-пет месеци. Лежејќи на кревет, сонуал као да му влегле три сонца во одајата со голема брзина и сила преку него. Се опулил во ќошо кај што му беше иконостасо, видел на двата ѕида една огнена силна светлина.

23 септември 2019 

Верувања и суеверија: толкување на соништа

Поп, ѓаол, ангел и земјава да паднит пред тебе да видиш на сон

Јордан Џеваиров, роден во Прилеп, во 1895 година видел неколку сонои пред да се поболи од една лоша болес, што боледуал четири-пет месеци. Лежејќи на кревет, сонуал као да му влегле три сонца во одајата со голема брзина и сила преку него. Се опулил во ќошо кај што му беше иконостасо, видел на двата ѕида една огнена силна светлина. По тоа видуање туку еве ти еден поп се нашол над него, растворен со обете раце и како да стојал не на нозе, ами како да стојал на ветрот. На тоа згора му се препречил ѓаол – натемаго – пред него и му дал да касни, како насила. Ордан неќел да го касни, чунки му било страв да не је нешто многу горчливо, арно ама ѓаолот насила му давал и, видел-невидел, го каснал и си го голтнал, и кога видел – не било горчливо, ами благо било. Гледајќи ѓаоло пред себе му дошло голема мака и како да беше се налутил Ордан, та беше измавнал со раце силно за да го удри, и туку веднаш ѓаоло беше избегал од пред него, а пак попо стоејќи над него беше го блаосоил со обете раце, и со тоа видуање беше се разбудил.
Друга вечер беше видел еден друг сон; како да беше му дошол еден ангел кај што си лежел на кревето, и беше му стапил на лажичката; едно ножиште беше имал дебело како некој дибек, арно ама стапуањето му било лесно како пердув, ич не му тежело на лажичката на Ордана, тргнал ножо од ножница со голема сила и го крена над рамо. Кога виде Ордан кренат ножо над рамо у ангело, баеги беше се уплашил и си рекол сам со себе: „Лелех, анасана, ќе гинам од ангело – битти даваси!“
Така мислејќи си Ордан, видел до сам него еден чоек како да лежи, завиткан сио во бело платно, и туку беше мавнал со ножо ангело силно, што можи и не можи на чоекот што бил до Ордана во бело облечен и го исекол на парчиња и си летнал ангело откај него. И се разбудил од соно. Жал му било на Ордана што не му видел лицето на ангело, ами го видел од појас удолу во нозете.
По некој ден сонуал како коа да беше паднала сета земја од западната страна тамам до нозете од креветот кај што лежал. Као што си спиел во креветот туку ти чул едни грготници, едни плускотници буу, гр, гр, гр, гр, бруу, сета земја беше ти паднала во едно долиште што око чоечко да не можи да го догледа долиштето. Во таа грготница како да беше се разбудил од сон и беше седнал на кревет. Коа се опулил откај левата страна (запад му идел откај левата страна), што да види брате мило. Една пропас, што со очи не се догледуала, санким угоре се пулиш на небеси, така тамо му се гледала на Ордана, триста страои беше видел, коските му се ребреа, морници по снагата му идеа од страв што му дошло, и на тој страв беше се разбудил од соно и кога се видел да спие на кревет и да си је во одаја, многу се израдуал оти не било на вистина тоа паднуање на земјата.
Откоа го виде и тој сон, веќе беше паднал јако болен и тргал голема мака, што дошол веќе на конец да скини, арно ама Ордан се се богатеел да оздрави, чунки попо, што стоел над него, го блаосоил со обете раце и од блаосов се надеал да оздрави од таквата три-четири месечна болес, и така беше станало.

Од записите на Марко Цепенков. (Подготви Марко Китевски)

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close