МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

14:30/20 септември 2019

14:30/20 септември 2019

– Генералната секретарка на Собранието на Република Северна Македонија, Цветанка Иванова, го отфрла како неточен и целосно неоснован обидот на пратеникот Антонио Милошоски да ја обвини за политички интервенции во работата на Собранието.

– Во државава во моментов околу 100 деца со нарушувања на растот се лекуваат со хормон за раст, а на листа за чекање се уште 15-тина дечиња. Тие можноста да го започнат лекувањето ќе ја имаат кога ќе се ослободи место од постоечките деца на терапија, односно кога некое дете ќе заврши со лекувањето. Ова беше посочено на денешната прес-конференција во Скопје по повод одбележувањето на 20 Септември – Светскиот ден за подигнување на свесноста за растот кај децата.

– Фактот дека Северна Македонија е на чекор до полноправно членство во НАТО и до почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ, дополнително ќе ја потврди државата како стабилно и сигурно место за водење бизнис и предвидлива дестинација за вложување, рече претседателот Стево Пендаровски на денешната средба со претставниците од Американската стопанска комора во Македонија во неговиот кабинет.

– Во организација на Велосипедската федерација на Македонија во недела од 11.00 до 14.30 часот ќе се одржи велосипедската трка „Трофеј СКОПЈЕ 2019“. Трасата на движење ќе биде од улицата „Самоилова“ (Музеј на современа уметност), долж улицата „Лазар Личеноски“ (круг околу Скопско кале) до улицата „Самоилова“.

– Во организација на Амбасадата на САД утре од 09.00 до 13.00 часот ќе се одржи трката со пречки „Трчам да се сеќавам“. Трасата на движење ќе биде од пред Амбасадата до Градскиот стадион и назад.

– Со четири пати зголемен број патници на аеродромите во Скопје и во Охрид холдингот ТАВ аеродроми и планови за нови инвестииции ги одбележува првите десет години од преземањето под концесија на Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

– Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2019 година, изнесува 25.104 денари и според објавените податоци на Државниот завод за статистика бележи раст од 4,3 отсто во однос на јули лани.

– Во минатонеделниот пожар на грчкиот остров Закинтос изгореле 747 хектари земјиште, соопшти Центарот за сателитско следење на природни катастрофи „BEYOND“ на грчката национална опсерваторија, jави дописничката на МИА од Атина.

– Претседателот на мрежата на Врховните судови на земјите членки на ЕУ бара итен состанок со идната претседателка на Европската Комисија за да ја предупреди дека европскиот правен поредок е загрозен.

– Европската Комисија упати сочувство за смртта на суданскиот бегалец застрелан во стомакот, кога заедно со 103 други мигранти, се обидел да им побегне на либиската крајбрежна стража.

– Јеменските бунтовници Хутите ја обвинија арапската коалиција предводена од Саудиска Арабија за сериозна ескалација на нападите во Ходеида.

 

 

 

Back to top button
Close