МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

11:30/20 септември 2019

11:30/20 септември 2019

– Светска банка со заем од 125 милиони евра ќе ѝ помогне на државава да ја зајакне одржливоста на јавните финансии и да ја подобри конкретноста на пазарот. Заемот е одобрен денеска од страна на Бордот на извршни директори на Светската банка.

– Поттикнување интерес кај младите за доусовршување, доквалификација и подобрување на вештините и можностите за вработување со организирање специјални обуки е една од целите на проектот „Младите-клуч за иднината на бизнис секторот“ што го спроведува Здружението за локална демократија „Центар на заедницата на општина Струмица“.

– Во минатонеделниот пожар на грчкиот остров Закинтос изгореле 747 хектари земјиште, соопшти Центарот за сателитско следење на природни катастрофи „BEYOND“ на грчката национална опсерваторија, jави дописничката на МИА од Атина.

– Мнозинството бегалци и мигранти кои вчера беа пронајдени во два објекта под опсада во центарот на Атина, пренесени се во прифатен центар во Коринт на Пелопонез, а подоцна ќе бидат распределени во други центри, jави дописничката на МИА од Атина.

– Последниот извештај на Здружението на европските производители на автомобили констатира дека побарувачката и регистрацијата на нови патнички возила бележи пад од 3,1 отсто во првата половина од 2019 година, во споредба со истиот период лани.

– Американскиот претседател Доналд Трамп ги тужи кинговодствената фирма што претходно ја ангажирал а која има намера да ги објави неговите даночни пријави за увид во повратот на данок и њујоршкиот обвинител Сајрус Венс помладиот затоа што бара обелоденување на овие документи.

– Илјадници претежно млади луѓе излегоа на улиците во Австралија и азископацифичките земји и ги почнаа глобалните протести со кои ги повикуваат светските лидери на самитот на ОН за климатски промени да донесат итни мерки за да се спречи еколошка катастрофа.

– Шпанскиот фудбалски гигант Барселона планира да стане првиот клуб во историјата на овој спорт што ќе создаде приход од повеќе од една милијарда евра до крајот на сезоната.

Back to top button
Close