МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

9:30/20 септември 2019

9:30/20 септември 2019

– Поттикнување интерес кај младите за доусовршување, доквалификација и подобрување на вештините и можностите за вработување со организирање специјални обуки е една од целите на проектот „Младите-клуч за иднината на бизнис секторот“ што го спроведува Здружението за локална демократија „Центар на заедницата на општина Струмица“.

– Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска ќе престојува во работна посета на Република Полска, а централна тема на средбите што ќе ги има ќе бидат европските перспективи на Република Северна Македонија и полската поддршка во пресрет на одлуката за почеток на преговорите на Самитот на ЕУ во октомври.

– Заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, денеска и утре е во работна посета на Чешката Република, каде што ќе се сретне со својот колега, министерот за одбрана, Лубомир Метнар. Шекеринска како почесен гостин ќе присуствува и на „Деновите на НАТО“ кои се организираат во Острава, каде ќе присуствуваат и министрите за одбрана на земјите од Вишеградската група – Чешка, Полска, Словачка и Унгарија.

– Новинарите се суштински дел од темелите на секое демократско општество и тие честопати се соочуваат со одмазда само поради вршењето на својата работа, додека злосторствата против нив остануваат неказнети. Неказнивноста на сторителите го ограничува просторот за слободни медиуми и широко споделување идеи и мислења.

– На Технолошко-металуршкиот факултет во Белград синоќа се случи експлозија и изби пожар, нема повредени, но причинета е голема материјална штета.

– Со 546 гласа за, 12 против и 94 воздржани, европските пратеници се изјаснија за резолуција со која остро се осудува насилството и прогонот на Рохингите, муслиманското малцинство во Бурма.

– Куба го осуди протерувањето на двајца свои дипломати при ОН, кои се обвинети за наводни активности што ја загрозуваат американската национална безбедност.

– Поранешниот претседател на Салвадор, Антонио Сака е осуден на две години затвор поради давање поткуп, соопшти канцеларијата на јавниот обвинител во земјата.

 

Back to top button
Close