МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

14:30/19 септември 2019

14:30/19 септември 2019

– Одделението за безбедност на патниот сообраќај информира дека утре во Скопје ќе биде изменет режимот на сообраќај поради велосипедско дефиле „Ден без автомобили“, со кое ќе се одбележи Европската недела на мобилност 2019 – Пешачи со нас.

– Интензивирањето на соработката меѓу Северна Македонија и Европската канцеларија за борба против измамите (ОЛАФ), во пресрет на очекувањата за добивање датум и отпочнување на преговорите на држава со ЕУ, со што се отвораат поголеми можности за нашата земја до ИПА фондовите на ЕУ, било тема на средбата на премиерот Зоран Заев со генералниот директор на ОЛАФ, Виле Итала.

– Германскиот Бундестаг за една недела ќе даде зелено светло за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ. Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи на денешната средба во Берлин со државниот министер за Европа и претставник на Германија во ЕУ, Михаел Рот, добил потврда дека германската Влада во целост ги поддржува европските интеграции на Северна Македонија и дека цврсто ќе застане за време на сесијата на Бундестагот во одбрана на позициите за старт на пристапните преговори во октомври.

– Царинските служби во Европската Унија спречиле влез на фалсификувани и опасни производи на европскиот пазар во вредност од 740 милиони евра во текот на 2008 година, соопшти денеска Европската комисија.

– Вербалното е најчест облик на врсничко насилство во училиштата, а по него следуваат насилството преку социјалните мрежи и физичкото насилство. Речиси сите пријави за насилство завршуваат во училиштата зашто недостига меѓусекторска координација за да може да се превенира.

– Пропагандата, дезинформациите и евтините квази новинарски приказни промовираат омраза и насилство, создаваат параноја и заговор, ја поткопуваат демократијата и националната безбедност. Тие ни одблиску не се слобода на говор. Напротив, имаат за цел да ги изманипулираат граѓаните, да дезинтегрираат личности, да создадат конфликти. Затоа, мора да научиме да правиме разлика меѓу лагите и конструктивните критики кои се сојузник во нашето работење, рече денеска премиерот Зоран Заев.

– Во новата акција на грчката полиција за празнење на објекти што се под опсада во центарот на Атина, утрово беа пронајдени 269 бегалци и мигранти, меѓу кои 98 деца, јави дописничката на МИА од Атина.

– Европскиот Парламент го објави списокот на сослушувања на кандидатите за комесари. Унгарецот Ласло Трочањи назначен за еврокомесар за проширување и соседска политика ќе одговара на прашањата на европратениците на први октомври од 18:30 до 21:30 часот во зградата на Европскиот парламент во Брисел.

– Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив ле Дријан изјави дека „не е време“ за одобрување на новото барање за азил од поранешниот вработен во НСА – „свиркачот“ Едвард Сноуден.

– Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф рече дека обвинувањата на САД и нејзините сојузници дека нападите врз саудиските нафтени објекти се „воен чин“ може да се искористат за да се измами американскиот претседател Доналд Трамп да иницира судир со Техеран.

– Интерпол идентификуваше повеќе од 10 осомничени странски терористи кои патуваат низ Средоземното Море, соопшти денеска меѓународната полициска организација.

 

Back to top button
Close