МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

11:30/11 септември 2019

11:30/11 септември 2019

– Утврдување препораки до владите и соодветните министерства на двете држави за подобрување на учебниците по историја за шесто одделение според бугарскиот образовен систем и седмо одделение според македонскиот образовен систем, коишто ги опфаќаат средновековниот период од историјата и евентуално заедничко чествување на Гоце Делчев се двете теми за кои ќе расправаат членовите на Заедничката комисија меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, на седмиот состанок, кој ќе се одржи утре и задутре во Софија.

– Груевизам до доцна во ноќта, барање против секоја логика, против ЕУ и НАТО, против вредностите и принципите, вака премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција го оцени исходот од синоќешната лидерска средба и единствениот услов, кој, како што рече, го поставил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Амели де Моншалин, државен секретар во француското Министерство за Европа и надворешни работи, во разговорот со министерот за надворешни работи Никола Димитров ја повтори француската позиција за приближување на земјите од Западен Балкан со Европската унија и особено ја истакна потребата за целосно почитување на владеењето на правото, што е во срцето на европските вредности и продолжувањето на реформите, јавува дописникот на МИА од Париз, пренесувајќи соопштение од француското Министерство за надворешни работи.

– Само една третина од членовите на надзорните одбори за контрола на материјално-финансиското работење имаат економско образование и поседуваат знаења и искуство од дејноста на финансиското и сметководственото работење, покажуваат резултатите од истражувањето „Право или политика: изборот на членови на управните и надзорните одбори во државните претпријатија“ на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), што е објавено денеска.

– Министерството за труд и социјална политика на Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) го објави нацртот на законот за субвенционирање на придонесите за покачување на патите, чија цел, е поттикнување на работодавачите да исплаќаат плата во повисок износ заради подобрување на економскиот стандард на вработените и поттикнување на економскиот раст и развој на државата.

– Во дворот на Владата на Косово утрово е откриена спомен-плоча во чест на жртвите на терористичкиот напад на 11 септември 2011 година во Соединетите Американски Држави, јави дописникот на МИА од Приштина.

– Москва ќе го прошири списокот на американски службеници на кои им е забрането да влезат во Русија поради најновите санкции од Вашингтон против двајца членови на рускиот Истражен комитет. Тоа го изјави денеска заменик министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков.

– Папата Франциск ги обвини своите критичари дека „му забиваат нож во грб“ и истакна дека не се плаши од раскол во Католичката црква.

– Откако вчера пропаднаа новите преговори за формирање на влада меѓу левиот центар ПСОЕ на премиерот Педро Санчез и малцинската лева партија Унидас Подемос, во Шпанија најверојатно ќе се одржат предвремени избори.

– Јапонскиот премиер Шинѕо Абе го реконструира својот кабинет во кој помеѓу новите министри се и две жени и синот на поранешниот премиер Јуничиро Коизуми, Шинџиро Коизуми.

– Арапските нации го осудија планот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за анектирање на дел од окупираниот Западен Брег.

– Израелската војска изврши серија воздушни напади рано утринава врз цели во Појасот газа, неколку часа откако беа истрелани две ракети од таа палестинска територија кон јужните израелски градови Ашкелон и Ашдод, каде израелскиот премиер Бенјамин Нетнјаху одржуваше предизборни митинзи.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close