МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

14:30/20 септември 2019

14:30/20 септември 2019

Струмица, 20 септември 2019 (МИА) – Со волонтерска акција за хортикултурно уредување на училишниот двор, бојадисување на металните и бетонските конструкции и испишување пораки за мир на училишниот ѕид, стотина ученици од средните училишта „Никола Карев“ и „Јане Сандански“ во Струмица го одбележаа Меѓународниот ден на мирот со младинска акција во дворот на средното училиште „Никола Карев“.

Скопје, 20 септември 2019 (МИА) – За десетина дена ќе се распише тендер за реконструкција на делницата Фариш-Дреново. Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов денеска најави дека на постоечката делница ќе се реконструираат најоштетените делови во должина од 10 километри и дека тендер треба да се распише за десетина дена.

Охрид, 20 септември 2019 (МИА) – Полицијата поднесе пријава против разбојникот кој летово изврши неколку кражби во Стариот дел на Охрид. Според извештајот на полицијата, станува збор за В.С. (27) од Битола, кој е осомничен дека е сторител на вкупно седум казнени дела, од кои две „кражба“, три „тешка кражба“ и две дела „тешка кражба во обид“.

Гевгелија, 20 септември 2019 (МИА) – Во Гевгелија вечер по седми пат ќе се одржи хуманитарниот концерт „СРВ Фест“, чија цел е да се соберат средства за лицата кои имаат потреба од итна финансиска помош.

Гевгелија, 20 септември 2019 (МИА) – Гевгелискиот градоначалник Сашо Поцков и заменик градоначалникот на грчката општина Пеонија, Атанасиос Цурцос на денешната средба во Гевгелија договорија продолжување и продлабочување на досегашната соработка на двете општини преку заеднички проекти во рамки на ИПА-програмата за прекугранична соработка.

Крива Паланка, 20 септември 2019 (МИА) – Територијалната противпожарна единица од Општина Кратово доби донација од Словенија и од Хрватска, која се состои од ново противпожарно возило и пожарникарска опрема со што ќе биде доопремена единицата.

Кавадарци, 20 септември 2019 (МИА) – Кавадарци доби 24-часовен кол центар и бесплатен телефонски број 13300 за пријавување евентуални проблеми поставен на највисоко ниво, во координација со сите јавни претпријатија и полицијата. За ова денеска информираше градоначалникот Митко Јанчев на прес-конференција.

Тетово, 20 септември 2019 (МИА) – Изминува речиси половина година, период во кој жителите на Тетово не можат да проверат дали има присуство на отровните честички пи-ем 10 и пи-ем 2,5 на интернет страница на Министерството за животна средина и просторно планирање каде се објавуваат податоци од мерните станица за квалитетот на воздухот. И понатаму не се објавуваат информации, а уште во април од одделението за мониторинг на квалитетот на воздухот соопштија дека е поради тоа што инструментот за мерење е однесен на сервисирање во Виена. На страницата има можност да се видат податоци само за сулфур диоксид, додека нема пристап до параметрите за азот двооксид, јаглерод моноксид и озон како и за РМ10 и РМ2,5.

Охрид, 20 септември 2019 (МИА) – Со активности на објект на улицата „Марко Нестороски“ денеска Општина Охрид почна со најавуваното уривање на дивоизградените објекти низ градот и долж крајбрежјето.

 

 

Back to top button
Close