МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

14:30/18 септември 2019

14:30/18 септември 2019

Кочани, 18 септември 2019 (МИА) – Во Кочани е реализиран проект за воспоставување функционален локален систем за управување и правилно постапување со отпадното ПЕТ-пакување, чиј носител беше Здружението за екологија и заштита на животната средина „Екотим исток“.

Скопје, 18 септември 2019 (МИА) – Општина Аеродром почна со санирање на улицата „Тодор Чангов 41“ во должина од 450 метри. Станува збор реконструкција на дел од оваа улица на која се поставува тампон во ширина од шест метри и асфалт од пет метри, информираат од општината.

Скопје, 18 септември 2019 (МИА) – Министерот за локална самоуправа Горан Милевски и градоначалникот на општина Пробиштип Драган Анастасов, денеска во Пробиштип го означија почетокот на изградбата на првиот научен Музеј на ретки минерали во земјата.

Скопје, 18 септември 2019 (МИА) –  Со проектот за изградба на  цевковод и резервоари за вода во неколку населени места во општина Радовиш ќе обезбедиме навремена и постојана дистрибуција на вода до граѓаните, најави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Струмица, 18 септември 2019 (МИА) – Екипи на Одделението „Комунална хигиена“ при ЈПКД „Комуналец“ извршија генерално чистење на населените места Вељуса и Просениково со рачно и машинско метење на улиците, а собран е и подигнат отпадот од јавните површини.

Скопје, 18 септември 2019 (МИА) – Општина Кисела Вода и ЈП „Комунална хигиена” – Скопје, по повод Светскиот ден на чистењето, ќе спроведе акција од 21 до 24 септември за собирање кабаст отпад – стар мебел и отпад од електронска и електрична опрема на територија на општината.

Струмица, 18 септември 2019 (МИА) – Делегација од општина Радовиш предводена од градоначалникот, Герасим Конзулов, престојуваше во посета на збратимениот град Белишче во Република Хрватска. Повод за гостувањето беше одржувањето на тамошната традиционална манифестација „Белишчанска златна есен“.

 

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close