МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

11:30/11 септември 2019

11:30/11 септември 2019

Струмица, 11 септември 2019 (МИА) – Поведовме иницијатива до Министерството за животна средина и просторно планирање за официјално определување депонија за тврд отпад, којашто ќе биде прописно конституирана и ќе се понуди како можност за одлагање на градежниот шут, што со години создава проблеми и се депонирани толкави големи количини кои навистина земаат многу ресурси, информира градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

Новаци, 11 септември 2019 (МИА) – Општина Новаци инвестира во развој на меморијален и рурален туризам, област во којашто, според тамошната локална самоуправа, се препознатливи во државата и странство.

Од општината информираат дека за развој на туризмот се потребни инфраструктурни пристапи до секое населено место и затоа со поддршка на ЈП за државни патишта, завршена е реконструкцијата на патишта до селата Зовиќ, Рапеш и Старавина.

Тетово, 11 септември 2019 (МИА) – Општина Тетово информира дека неделава започнаа да се одвиваат активности за чистење на речните корита како превентива од евентуални поплави. На подрачјето на општина Тетово се работи на четири речни корита.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close