МИА ФлешПакети

МИА Флеш

16:00/20 септември 2019

16:00/20 септември 2019

Скопје, 20 септември 2019 (МИА) – Само 28 отсто од бизнисите во земјава прават длабинска анализа за последиците што нивниот бизнис ги има по човековите права, а 16 отсто прават нешто тоа прашање да го преточат во рамки на својот бизнис. Постојат декларативни заложби за етички принципи во работењето што вклучуваат грижа кон вработените, животната среднина и заедниците во кои дејствуваат, но во пракса на суштинско ниво немаме некој стратегиски приод.

Скопје, 20 септември 2019 (МИА) – Зајакнување на капацитетите на лицата кои работат на проектни апликации за добивање грантови, нивно вмрежување и размена на искуства, беше една од темите на денешната работна средба меѓу градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев и претставници од Тиват, Црна Гора.

Скопје, 20 септември 2019 (МИА) – Сосема нејасна констатацијата на опозицијата за некаква измена во однос на начинот на формирање на оценката за прием на слушателите во Академијата за судии и јавни обвинители, која и во досегашното и во предложеното решение е аритметички збир од постигнатите резултати на сите испити со единствена измена што долниот праг на проодност е подигнат, а заради препораките на оценската мисија да се подигне нивото на квалитет на кандидатите во академијата, се вели во писмото на Министерката за правда Рената Дескоска до евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Битола, 20 септември 2019 (МИА) – Организаторите и гостите на ИФФК „Браќа Манаки“ денеска ги посетија Влашките гробишта во Битола и, традиционално, положија цвеќе на гробот на Милтон Манаки.

Скопје, 20 септември 2019 (МИА) – Автобусите на ЈСП Турс на линијата „Сити тур“ од утре, ќе сообраќаат по нов зимски возен ред. Како што соопшти Јавното сообраќајно претпријатие Скопје, поаѓањата ќе бидат во 11 и во 13 часот од „Порта Македонија“.

Атина, 20 септември 2019 (МИА) – Двајцата го поддржуваме отворањето на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, порача заменик министерот за надворешни работи на Словачка, Франтишек Ружичка, по средбата со алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис во грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина.

Скопје, 20 септември 2019 (МИА) – Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева останува во притвор, откако судијата на претходна постапка ја одбил понудената гаранција во имот, а обвинителката Вилма Русковска дала негативно мислење.

Скопје, 20 септември 2019 (МИА) – Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска како дезинформации и шпекулации ги оцени информациите дека со новиот закон за работни односи, кој е во фаза на изработка, се планира намалување на работното време за повозрасните работници без притоа да имаат намалување на платата, односно жените работнички со навршени 60 години старост, а мажите со 62, да работат шест часа, а да ја задржуваат целата плата до пензија.

Љубљана, 20 септември 2019 (МИА) – Словенечката полиција, во близина на границата со Хрватска, уапси двајца државјани на Нигерија, кои во комби возило превезувале 31 мигрант.

Берлин, 20 септември 2019 (МИА) – Германија ќе инвестира најмалку 100 милијарди евра до 2030 година за заштита на климата и енергетска транзиција, што произлегува од конечниот текст договорен денеска во владејачката коалиција на канцеларката Ангела Меркел.

Брисел, 20 септември 2019 (МИА) – Европската комисија денеска повтори дека договорот со Велика Британија за напуштање на Европската унија мора да содржи „целосно изводливо и законско оперативно решение“.

Тел Авив, 20 септември 2019 (МИА) – Лидерот на израелската националистичка партија Израел наш дом, Авигдор Либерман денеска негираше дека за премиер го предложил лидерот на Сино белата партија, Бени Ганц.

Кувајт, 20 септември 2019 (МИА) – Кувајт денеска соопшти дека го подигна нивото на безбедност во своите пристаништа со оглед на регионалните тензии по нападите врз нафтените постројки на Саудиска Арабија.

Канбера, 20 септември 2019 (МИА) – Повеќе од 30 шефови на држави и влади потпишаа апел за засилување на активностите во борбата против климатските промени, што ги покрена австрискиот претседател Александер Ван дер Белен во пресрет на конференцијата за глобалното затоплување на ООН, што ќе се одржи следната недела.

 

Back to top button
Close