МИА ФлешПакети

МИА Флеш

13:00/20 септември 2019

13:00/20 септември 2019

Скопје, 20 септември 2019 (МИА) – Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2019 година, изнесува 25.104 денари и според објавените податоци на Државниот завод за статистика бележи раст од 4,3 отсто во однос на јули лани.

Скопје, 20 септември 2019 (МИА) – Петнаесет деца од улица кои минатата година го посетувале Дневниот центар за деца на улица и улични деца, оваа учебна година се вклучени во редовниот образовен процес. Дополнителни 15 деца се детектирани од мобилните тимови во текот на летниот период и тие годинава го посетуваат овој центар каде се подготвуваат да се вклучат во образовниот процес.

Скопје, 20 септември 2019 (МИА) – Лозарите да не потпаѓаат на притисоци од партиски структури како што беше случајот вчера со некои од нив. Отворени сме за соработка, за разговор, за дијалог, како и за сите барања, но тие треба да бидат издржани, базирани на сериозни анализи. Последните три месеци постојано комуницираме и, имајќи ја на ум целата бербена реколта, укажавме дека ќе интервенираме со мерка поголема од лани, а сакаме да ја дизјанираме заеднички, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски во врска со блокадата на патот Градско – Прилеп кај Росоман.

Брисел, 20 септември 2019 (МИА) – Претседателот на мрежата на Врховните судови на земјите членки на ЕУ бара итен состанок со идната претседателка на Европската Комисија за да ја предупреди дека европскиот правен поредок е загрозен.

Техеран, 20 септември 2019 (МИА) – Шефот на иранската дипломатија Мохамед Џавад Зариф синоќа реагираше на американскиот план за формирање на коалиција за мирно решавање на кризата на Блиски Исток.

Скопје, 20 септември 2019 (МИА) – Основното јавно обвинителство од Скопје поднесе обвинение против порнешниот директор на Централниот регистар Андреја Поповски за злоупотреба на службената положба и овластување, како и против тројца вработени за кои се сомничат за помагање.

Осло, 20 септември 2019 (МИА) – Норвешката компанија „Еквинор“ и британската ССЕ Рињуаблс заедно ќе го градат и експлоатираат најголемиот ветропарк во море покрај брегот на Велика Британија, инвестиција вредна девет милијарди фунти (10,2 милијарди евра) во период од 2020 до 2026 година, соопшти норвешката компанија.

Париз, 20 септември 2019 (МИА) – Француската полиција упаси една жена која пукаше од прозорец, во комерцијалниот дел на Лион и повреди минувач во раката. Жената откако пукаше од прозорец се затвори во станот.

Скопје, 20 септември 2019 (МИА) – Нова средба за Законот за јавно обвинителство можно е да има утре, изјави денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски.

Тел Авив, 20 септември 2019 (МИА) – Речиси конечните резултати од предвремените парламентарни избори во Израел, што денеска ги објави Изборната комисија, укажуваат на политички застој. Ниту една од двете водечки партии не може да формира владејачка коалиција.

Скопје, 20 септември 2019 (МИА) – Претседателката на Собранието на Меѓународниот сојуз Агапи Дика денеска дојде во Обвинителството за организиран криминал да даде исказ во врска со случајот „Рекет“. Во Обвинителството се очекува денеска да сведочи и бизнисменот Зоран Азманов.

Хелсинки, 20 септември 2019 (МИА) – Компанијата Гугл планира да вложи три милијарди евра за ширење на своите центри за податоци во Европа во следните две години.

Скопје, 20 септември 2019 (МИА) – Со 13,7 милиони евра средства обезбедени од ЕБОР и Буџетот, ќе се воведе електронски систем за наплата на сите патарини, со што ќе се забрза транспортот, ќе се олесни протокот на возила и ќе се намали метежот. Средствата во износ од 13 милиони евра се од ЕБОР, а државата обезбедува 700 илјади евра. Договорот за користење на средствата од ЕБОР беше потпишан денеска во Скопје од страна на министерката за финансии Нина Ангеловска, директорот на Канцеларијата на ЕБОР во земјава Анди Аранитаси и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов. На потпишувањето на Договорот присуствуваше и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Back to top button
Close