Општински вестиСкопје

Без струја утре дел од Карпош, Сарај и Ѓорче, дел од Центар без вода

Поради изведување технички зафати во дистрибутивната електро мрежа без електрична енергија утре ќе останат дел од корисниците во општините Карпош, Сарај и Ѓорче Петров.

Скопје, 16 септември 2019 (МИА) – Поради изведување технички зафати во дистрибутивната електро мрежа без електрична енергија утре ќе останат дел од корисниците во општините  Карпош, Сарај и Ѓорче Петров.

Без електрична енергија ќе останат од 08:30 до 12:00 часот, корисниците од  дел од наелба Момин Поток, од 09:00 до 14:30 часот корисниците од селата Глумово, Шишево и Матка и од 10:00 до 14:00 часот, корисниците од село Никиштани и дел од село Волково.

Поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од од ф-150мм на ул. Светозар Марковиќ бб, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Светозар Марковиќ, Истарска и Битолска во  општина Центар.скс/

Back to top button
Close