0_Спорт.ПорталФудбал

Бензема: Јас бев во основата на ББЦ

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, потсети на успешното партнерство што го имаше со Кристијано Роналдо и Герет Бејл во нападот на тимот.

Мадрид, 6 септември 2019 (МИА) – Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, потсети на успешното партнерство што го имаше со Кристијано Роналдо и Герет Бејл во нападот на тимот.

Тој зборуваше за неговата улога во триото, кое беше познато и како ББЦ (ВВС).

– Имавме ракета – Герет Бејл и топ-стрелец – Кристијано Роналдо, и јас го покривав просторот меѓу нив – така ја правев целата оваа работа можна. Тогаш Кристијано беше тој што ги завршуваше нападите. Имав различна улога. Бев одговорен за нивно градење и обид да отворам места. За мене тој беше најдобриот стрелец, иако играше на левата страна. Јас се повлекував, за да му дадам простор и да му дозволам да постигнува голови, рече Бензема за „РМЦ спорт“.вз

Таг
Back to top button
Close